За нас ..... .
 

..Видови истражувања

..Специјализирани истражувања

..Омнибус
..TNS брендирани решенија

..NeedScope System™

..AdEvalTM
..TRI*M ™
..Conversion Model™


Видови на истражувања / TNS брендирани решенија / TRI*M ™
 

TRI*M ™

TRI*M е менаџмент информационен систем кој го мери, анализира и проценува степенот на задоволство/ задржување на клиентот (customer satisfaction/ retention), како и на елементите (атрибути) на квалитет кои го овозможуваат задоволството/ задржувањето на клиентите.
Се работи за систем од три интегрирани функции:
- Measuring (мерење),
- Managing (менаџирање) и
- Monitoring (набљудување).

TRI*M – е наша глобална основа за Stakeholder Mangement System - менџамент систем на сите засегнати страни т.е. сите инволвирани/ учесници  во работењето на компанијата: 

- Вработените - иновативност, посветеност кон работата, проценка на менаџментот,
- Клиенти - задоволство/ задржување на клиенти, отпорност на пазарот, углед на компанијата,
- Процеси - внатрешен сервис, квалитет во сите фази/ сегменти на работењето,
- Доверба на акционерите.

Направени се повеќе од 17 000 TRI*M студии во преку 1700 компании ширум светот.
TRI*M е употребуван од 1/3 од 100-те најголеми компании.

Неколку елементи на TRI*M:

TRI*M Index - претставува нумеричка вредност која го изразува нивото на задоволство/ задржување на клиентите. Овој индекс ја покажува севкупната позиција на брендот/ фирмата/ институцијатата и истиот е потребно да се следи континуирано (tracking).

 

TRI*M Typоlogy -   Типологија – Анализа на различни типови односи со клиенти/ потрошувачи/ добавувачи. Врз основа на поврзаноста на двете клучни компоненти - задоволство и лојалност, се врши типологизација во четири клучни сегменти:

- Мисионери (апостоли) – задоволни и лојални корисници/ потрошувачи неопходни за долгорочен успех во работењето на фирмата/ брендот.
- Платеници – корисници кои се само задоволни – тие покажуваат интерес само за подобри понуди и постои голема веројатност да се префрлат ако им се понуди поатрактивна понуда. Не се лојални, па се поставува прашањето: како да се поттикне нивната лојалност?
- Заложници – корисници/ потрошувачи кои не се задоволни но се лојални (врзани со договор, на пример). Како да се зголеми нивното ниво на задоволство?
- Терористи – незадоволни и нелојални – тие го шират лошиот глас (тие делуваат активно уривачки) за брендот/ компанијата.

Врз основа на ова се пресметува „Пазарната отпорност“ (Market Resistance Ratio) т.е. колку се шири „лош“ глас (озборување) за брендот/ компанијата и сл., што ќе се одрази негативно на целокупното идно работење на компанијата / брендот (тука се крие компонента на предикција за идното работење на компанијата/ брендот).

TRI*M  Grid – Мрежа – Идентификување и подобрување на перформансите – ги детектира јаките страни / лошите страни на производот/ брендот/ компанијата и дава приоритети за акција. Значи, поставува дијагноза и дава терапија за подобрување на перформансите на производот/ брендот/ компанијата или други сегменти во целокупното работење на компанијата/ институцијата.

Континуираното следење (tracking/ monitoring) на приоритетите на акционите компоненти ќе покаже дали доаѓа до подобрување на карактеристиките на производот/ брендот. Од друга страна, со детектирањето на потенцијалните и на скриените можности, за кои ни самите корисници/ потрошувачи не се свесни, и со нивно афирмирање т.е. активирање, може да се подобри целокупното работење (перфомансите на производот/ брендот/ компанијата).

ТRI*M Competitive analysis - брендираната истражувачка алатка дава можност за компарација на брендот/ компанијата со директната конкуренција за да се детектираат и компарираат елементи/ атрибути,односно  да се спроведе компетититивна анализа за да се согледаат предностите и недостатоците на производот/ брендот во однос на конкурентот.

Повеќе:
http://www.tnsglobal.com/business-information/stakeholder-relationship-management/


 

“ ДОЈДЕТЕ ДО ВЕРОДОСТОЈНА, КОРИСНА И УПОТРЕБЛИВА ИНФОРМАЦИЈА“
 

| Контакт | Privacy policy |
| 2010 Brima. All rights reserved. Products and brand names are trademarks or registered trademarks of their respective owners. Creatives are the copyright property of their respective owners.
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORP. I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION