За нас ..... .
 

..Видови истражувања

..Специјализирани истражувања

..Омнибус
..TNS брендирани решенија

..NeedScope System™

..AdEvalTM
..TRI*M ™
..Conversion Model™


Видови на истражувања / TNS брендирани решенија / Conversion Model™
 

Conversion Model™

Conversion Model  е брендирана маркетинг алатка чија цел е да го разбере однесувањето на потрошувачите/ корисниците, како и нивната мотивираност/ посветеност кон производот/ услугата/ брендот.

Дава одговор на неколку круцијални прашања:
            - Зошто некој е многу задоволен со производот/ брендот, а сепак има намера да престане да го користи?
            - Зошто друг кој е незадоволен и понатаму го користи вашиот бренд?

Класичните методи на маркетинг истражувања, како што се „задоволство на потрошувачите/ корисниците“ и нивната „лојалност“, не даваат одговори на овие маркетинг парадокси.

Посветеноста на потрошувачот/ корисникот ни ја открива неговата поврзаност кон брендот/ производот. Дава одговор на односот кон вашиот бренд, како и кон конкурентскиот, пружајќи информација како најдобро да се менаџира (управува) овој однос.

Conversion Model  е психолошка мерка на однесувањето на човекот која дава продлабочено (in-depth) разбирање за тоа што ги придвижува потрошувачите и во исто време нуди акциона стратегија за зајакнување и за раст на брендот.

Зашто потрошувачите кои се посветени на брендот (committed consumers) се важни за еден бренд?
- За нив не е потребно многу убедување повторно да го купат производот.
- Тие се поотпорни на влијанието и притисокот од предизвиците на конкуренцијата.
- Тие се со помали изгледи да ги прифатат алтернативите кога нивниот вообичаен бренд е недостапен.
- Тие се помалку чувствителни на промена на цената од другите потрошувачи/ корисници.
- Тие имаат попозитивен став за „нивниот“ бренд отколку другите потрошувачи/ корисници.
- Посветеноста е индикативна за однесувањето на потрошувачите во иднина.

Conversion Model  ја оценува/ одредува позицијата на брендот на пазарот, ги идентификува неговите слаби и јаки страни, ги проценува другите брендови на пазарот, ги анализира оние кои имаат намера да го напуштат брендот.

Повеќе за Conversion Model

http://www.tnsglobal.com/business-information/commitment-research/


 

“ ДОЈДЕТЕ ДО ВЕРОДОСТОЈНА, КОРИСНА И УПОТРЕБЛИВА ИНФОРМАЦИЈА“
 

| Контакт | Privacy policy |
| 2010 Brima. All rights reserved. Products and brand names are trademarks or registered trademarks of their respective owners. Creatives are the copyright property of their respective owners.
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORP. I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION