За нас ..... .
 

..Видови истражувања

..Специјализирани истражувања

..Квалитативни истражувања

..Пазар, потрошувачи / корисници
..Менаџмент со деловни партнери
..Развој на нов производ и иновација

..Производ и комуникација

..Испитување на јавното мислење
..Mistery Shopping

..CATI – (Comp. Ass. Tel. Interview)

..CAPI / CAWI

..Омнибус
..TNS брендирани решенија


 

КВАЛИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА

Во квалитативните истражувања (дискусиони групи) спаѓаат:
-  Трибини (дискусиони групи од 40 до 50  учесници);
-  Фокус-групи (8-10 учесници, модератор, или два); мини групи (4-5 учесници);
-  In- depth (продлабочени интервјуа)  модератор (или два) и еден (или два) испитаника, во зависност од замислениот експериментален нацрт.

Фокус-групите се најчест облик на квалитативни истражувања и со нив се испитува одредена тема, проблем, општествена појава или пазар. Една фокус група има во просек 8-10 испитаници и трае околу 2 часа. Дискусијата е координирана со модератор, со однапред подготвен водич и сценарио. Истата се снима (аудио/ видео запис), а клиентот директно, преку монитор може ја следи самата дискусија од посебна просторија, со можност за симултан превод.
Податоците потекнуваат од релевантни целни групи (учесниците во фокус групите се регрутираат според одредени критериуми), дискусијата е флексибилна, спонтана и дозволува непосредна опсервација на однесувањето, реакциите и изјавите на учесниците, нивните мотиви, ставови, преференции итн.

Во квалитативните истражувања, при анализата на резултатите, бројките не се толку важни колку детектирањето „квалитет“, акцентот се става на зошто и како, наспроти квантитативните истражувања во кои главниот акцент се става на што, каде, кога, колку. Дискусијата во група делува поттикнувачки на испитаниците да искажат свој став, мислење и реакција, врз основа на што може да се детектираат поголем дел од спектарот на  квалитативните аспекти на проблемот/ темата за која се води дискусијата.
Методот на продлабочено интервју подразбира и интервју и со еден испитаник (in-depth interview), со однапред подготвен водич за дискусија. Ова овозможува продлабочен увид во проблемот кој се истражува бидејќи испитаникот може слободно и детално да го изрази своето мислење, став или  емоција, без влијание на групата.
Имаме долгогодишно искуство во квалитативните истражувања со спроведени повеќе од сто фокус-групи.
БРИМА во своите простории има сопствено in-house  студио за аудио/ видео снимање на дискусиите на фокус-групите, симултан превод и можност за миксирање на сигнали во аудио/ видео снимката, синхронизација и надсихронизација на аудио/ видео/ ДВД снимката.

 

 

“ ДОЈДЕТЕ ДО ВЕРОДОСТОЈНА, КОРИСНА И УПОТРЕБЛИВА ИНФОРМАЦИЈА“
 

| Контакт | Privacy policy |
| 2010 Brima. All rights reserved. Products and brand names are trademarks or registered trademarks of their respective owners. Creatives are the copyright property of their respective owners.
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORP. I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION