За нас ..... .
 

..Видови истражувања

..Специјализирани истражувања

..Квалитативни истражувања

..Пазар, потрошувачи / корисници
..Менаџмент со деловни партнери
..Развој на нов производ и иновација

..Производ и комуникација

..Испитување на јавното мислење
..Mistery Shopping

..CATI – (Comp. Ass. Tel. Interview)

..CAPI / CAWI

..Омнибус
..TNS брендирани решенија


 

ИСПИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

Ова е секако една од областите со најдолга историја и искуство во нашето работење. Богатство на сознанија за клучни политички, економски и општествени прашања. Со примена на квалитативни, квантитативни и омнибус истражувања за поединечни клиенти, го испитуваме јавното мислење за разни теми од национално и меѓународно значење, дознаваме како јавноста или одредена група мисли, чувствува или реагира.

Анализите, проценките, следењето на главните трендови ја сместуваат нашата агенција на водечка позиција.
Учесници сме во регионални, меѓународни и глобални проекти. 

Евробарометар е проект на Европската Унија  каде се анкетираат граѓани од сите членки на ЕУ, како и од земјите-кандидатки меѓу кои е и Р. Македонија (http://www.tns-opinion.com/home), за разни теми од социо-политичкиот и секојдневниот живот на граѓаните.
Како член на Gallup International (GIA) учесници сме во глобалната студија Voice of the People (VoP), како и во проектот End of the Year кој ги истражува очекувањата на граѓаните од претстојната година, ставови за сигурност на работното место, економија и бизнис, демократија и други теми

БРИМА има изграден сопствен модел на евалуација/ следење (tracking) т.е. систем за евалуација и следење на клучните социо-политички индикатори кај електоратот (рејтинг на политичари и политички партии, индекс на мотивираност кај електоратот, индекс на поддршка, сегментација на електоратот итн.). Системот, исто така, содржи доволно елементи за спроведување на SWOT-анализа за политичарите т.е. политичките партии: (Strengths= јаки страни, Weaknesses= слаби страни, Opportunities= можности, Threats= закани). Системот е прилагодлив и применлив и во други сфери/ теми од општествениот живот во Р. Македонија

 

 

“ ДОЈДЕТЕ ДО ВЕРОДОСТОЈНА, КОРИСНА И УПОТРЕБЛИВА ИНФОРМАЦИЈА“
 

| Контакт | Privacy policy |
| 2010 Brima. All rights reserved. Products and brand names are trademarks or registered trademarks of their respective owners. Creatives are the copyright property of their respective owners.
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORP. I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION