ОМНИБУС
БРИМА повеќе години периодично (вообичаено квартално) спроведува сопствено квантитативно истражување - теренска анкета лице-в-лице на национално репрезентативен примерок на популацијата на Р. Македонија на возраст од 15+ години, со големина на примерок од 1200 испитаници.
Учесници (клиенти) може да бидат повеќе различни фирми/ институции и секој од нив има свој сопствен блок прашања за посебна тема. Сопственик на тие прашања е ексклузивно нарачателот на тие прашања.
БРИМА исто така има свој блок прашања, во кој периодично се истражуваат определени теми кои се издвојуваат по својата релевантност во областа на општествените праша,а, маркетингот и медиумите.
Предност на омнибус истражувањето е што трошоците за спроведување на ваква анкета се делат меѓу учесниците (трошоци за печатење/ програмирање во случај на CAPI, патни и дневни трошоци за анкетарите и друго), така што учеството во овој омнибус чини помалку за краток блок прашања. Покрај одговорите на своите прашања клиентот ја добива и стандардната демографија на испитаниците (возраст, образование, национална припадност, професионален и работен статус, месечни приходи во семејството, место на живеење, регион) кои се користат во понатамошни детални социо-демографски анализи.
Омнибус истражувањето е отворено за секој клиент и за разни области: политика, општество, пазар и потрошувачи/ корисници, економија, финансии, медиуми, ИТ технологија и други.
|